Претходна статија
И во 21-от век цели македонски општини немаат изградено водовод!
Следна статија
За девет месеци Бутел ќе добие ново основно училиште

Кредит од 71 милион долари за реконструкција на патишта

Објавено на 24.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Светска банка одобри заем во висина од 70,98 милиони долари за реконструкција на магистрални и регионални патишта во Република Македонија, проект во кој првенство ќе добијат оние делници што водат кон Коридорите 8 и 10. Кредитот е издаден од Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД), со доспевање од 23 години, вклучително и шест години грејс период. Од меѓународната финансиска институција објаснуваат дека проектот има за цел да ја подобри поврзаноста на избрани магистрални и регионални патишта, како и да ги зајакне капацитетите на Јавното претпријатие за државни патишта за прашањата за безбедност на патиштата и отпорност кон климатските промени.

 

Најавената реконструкција на патиштата е втор проект за патен транспорт на Светска банка во Македонија. Актуелниот проект завршува во 2015 година, и со него е опфатена рехабилитација и надградба на 284 километри регионални патишта и повеќе од 400 километри локални патишта. „Македонија како континентална земја е особено зависна од добро развиена транспортна мрежа за нејзиниот економски и социјален развој“ вели Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата на Светска банка во Скопје. Од Светската банка очекуваат дека реализацијата на овие инвестиции ќе го зајакне капацитетот на ЈП за државни патишта за подобро управување со средствата наменети за патиштата.