Претходна статија
Законот за градење повторно ќе претрпи значајни измени
Следна статија
И во 21-от век цели македонски општини немаат изградено водовод!

„Адора Инженеринг“ ќе гради Дом за стари лица во Илинден

Објавено на 24.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Локалната самоуправа од Илинден денеска ја продаде градежната парцела за изградба на планираниот Дом за стари лица во повеќенаменската зона Ограѓа, лоцирана спроти хотелот „Белви“ на влезот од Скопје. Купувач на земјиштето со површина од 9.968 метри квадратни е градежната компанија „Адора Инженеринг“, од каде соопштија дека на парцелата ќе подигнат модерен старски дом „Втора младост“, осмислен како спортско – рекреативен и културно – забавен комплекс. Парцелата беше продадена на електронско наддавање со почетна цена од 61 денар за метар квадратен, а конечната цена достигна 232 денари за метар квадратен, односно вкупно околу 38 илјади евра. Во согласност со замислата на купувачот на земјиштето, покрај сместување и нега на стари лица, планира да овозможи и услови за спортски и рекреативни активности, како и културно – забавни содржини.

 

„Адора Инженеринг“ е должна да ги уплати парите и да склучи купопродажен договор со Општината, после што ќе има рок од 12 месеци за да обезбеди градежна дозвола, а изградбата на објектот треба да заврши најдоцна за 10 години од добивањето на одобрение за градење.