Претходна статија
Во изминатите 5 години, патниот и воздухопловниот превоз со раст, железницата со голем пад
Следна статија
Тендер за реконструкција на автопатот Смоквица - Гевгелија

Скопскиот боемски живот на нова локација во Дебар Маало

Објавено на 17.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Општина ЦентарОпштина Центар вечерва свечено ја отвори реконструираната улица Ѓорѓи Пешков во Дебар Маало, спроти фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк. Главниот град со реализацијата на овој проект ја доби првата боемска улица, која претставува пешачка зона каде кафеанџиите, уметниците и сите добронамерници ќе си го најдат просторот каде што може да се искажат. Некогашната споредна улица прерасна во амбиентална пешачка зона со ниски станбени објекти, куќи со дворови и гостилници со вкупна површина од 2.000 метри квадратни. За да се спречи влезот на автомобили беа поставени импровизирани рампи. Наместо нови коцки, при поплочувањето се користени оние што се земени од неколку веќе растурени улици во Скопје.

 

Долж улицата е изведена нова атмосферска канализација, додека од двете нејзини страни е обновен дрворедот со 24 дрвја, за чие полевање е поставена инсталација со систем „капка по капка“. На боемската улица е инсталирано ново осветлување составено од 15 гусени декоративни фенери, а како амбиентален и украсен елемент е поставен и пајтон. Целокупниот проект во вредност од над 455 илјади евра го изведе фирмата „Изградба комерц“ од Скопје.