Претходна статија
Станарите од улица „Македонија“ сакаат енергетско ефикасни, а не барокни фасади
Следна статија
Бит - пазар ќе ја чека наредната година за најавената урбанизација

До топол дом со добра изолација

Објавено на 07.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

 

Законските решенија за остварување на мерките за енергетска ефикасност треба да ги охрабрат граѓаните за инвестирање во реконструкција на објектите во кои живеат и ги извршуваат работните обврски. Проектите за заштеда на енергија што ги реализираат некои од локалните самоуправи и невладините организации се недоволни за да ги опфатат сите домаќинства и комерцијални објекти, па оттука самите граѓани во претстојниот период ќе мора да вложат дел од своите финансии во спроведување на мерките за енергетска ефикасност. Колку поодамна се изградени одредени објекти, толку поголемо внимание за нивна санација ќе треба да посветат станарите за да го обезбедат задолжителниот енергетски пасош, без кој нема да можат да ги продаваат своите недвижности во иднина.

 

Наместо да се потрошат неколку денови во разгледување разновидни производи за топлинска изолација по стоваришта и продавници, истото може да се направи на преку Интернет, на пример со кликање на следниов линк. Најголемата предност од имплементацијата на овие градежни материјали во објектите е што со еднократна инвестиција се обезбедува значителна заштеда на топлинска енергија во текот на наредните неколку децении. Преку намалените сметки за потрошена енергија, граѓаните имаат целосен повраток на издвоените финансиски средства уште во првите години по изведбата на топлинската изолација.

 

За да се постигнат посакуваните заштеди на топлинска енергија, спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност мора да биде реализирано во целост. Најлесен пат за успешно завршување на реконструктивниот зафат е ангажирање на некоја од градежните фирми специјализирани за изработка на термички фасади. Најбрзиот и наједноставниот начин за пребарување на изведби на термо фасади и комплетни услуги при интервенција на надворешните ѕидови на објектите е тука. Освен санацијата на дотраените фасади, енергетската ефикасност може да се реализира и преку реконструктивен зафат на внатрешните ѕидови во просториите. За нејзино успешно завршување е неопходен избор на висококвалитетна камена или стаклена волна, која се нуди со попусти и до 10% од вообичаената цена тука.

 

При остварувањето на мерките за енергетска ефикасност, не смее да се заборави дека е неопходно да се заменат и постоечките прозорци и врати на просториите во кои се врши реконструкцијата. Без нивна промена, не може да се постигне посакуваната заштеда на топлинска енергија. И уште повеќе, со поставувањето на нови прозорци се спречува евентуалното појавување на термички мостови, кондензација и појава на влага, кои може да станат непријатна реалност ако се изврши делумна санација единствено на надворешните ѕидови на објектите. Понуда на прозорци и врати од повеќе понудувачи во Македонија погледнете тука.