Претходна статија
Избрано идејното решение за уредување на плажа на Охридското езеро
Следна статија
Втора фаза од изградбата на општинската зграда во Карпош

Возобновена црквата „Св. Илија“ половина век по потопувањето на Глобочица

Објавено на 14.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

„Ако сакаш да си го скротиш целиот немир од душата, дојди тука, во оваа припитомена дивина, и за миг од возрасен, си дете“. Вака македонскиот поет Јован Котески ја доловувал убавината на селото Глобочица, каде по неколкугодишна изградба денеска беше осветена црквата „Св. Илија“ од страна на Владиката Тимотеј. Возобновувањето на верскиот храм се случува на 50 – годишнината од напуштањето на родниот крај на глобочичани, кои морале да се иселат поради градењето на хидроелектраната „Глобочица“ на реката Црн Дрим. Поранешните жители на ова село, на 20 – тина километри од Струга, на патот за Дебар, заедно со своите нови поколенија, пред неколку години одлучија да ја возобноват црквата, но и населбата, која сега добива нов лик и се развива над ридот на некогашното потопено село.

 

извор: Центар за медиумски активностиизвор: Центар за медиумски активности

 

 

Црквата „Св. Илија“ е градена во екстремни услови, со пренесување на сиот градежен материјал преку водите на вештачкото езеро „Глобочица“ со чамци. Нуркачки тим во мај 2012 година од дното на езерото ја извади камен – плочата на потопената црква од XV век, која е вградена во новоизградениот објект. „Камен по камен, напорно, но, некако убаво. Сите го носиме духот на некогашното село“ велат мештаните од кои се изроди новата животна приказна, до која сега се стигнува единствено преку езерото. Верското здание е изградено првенствено со доброволни донации од селаните. Фрескописот во црквата е дело на Петко Филкоски од с.Нерези, а иконостасот на Божин Стојкоски и Кочо Аиноски од Охрид.

 

Со високото чувство на солидарност меѓу сожителите, во изминативе две децении беше обновен и манастирот „Св. Антониј“, како и неколку куќи од новоизградената населба на брегот на вештачкото езеро.