Претходна статија
Прв модуларен паркинг со капацитет од 80 возила во Кавадарци
Следна статија
Возобновена црквата „Св. Илија“ половина век по потопувањето на Глобочица

Избрано идејното решение за уредување на плажа на Охридското езеро

Објавено на 12.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонските граѓани преку интернет – анкета го избраа победничкиот архитектонски труд за уредување на најавената нова плажа на Охридското езеро во непосредна близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека за победник е прогласено идејното решение бр. 3, кое добило 56% од вкупно 3.072 гласови што ги дале граѓаните на спроведената анкета. Во наредниот период ќе се донесе решение за доделување на наградата од распишаниот конкурс, како и за исплата на трошоци за останатите архитектонски трудови.

 

###

###

 

 

Со проектот е предвидено да се уредат 500 метри плажа долж Охридското езеро, која би се изнивелирала и попесочила со соодветен автохтон песок, да се дооформи постојното зеленило со автохтони видови и хортикултурно и партерно да се уреди просторот со поставување на клупи, фонтани за питка вода, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали. Идната плажа треба да има шанк со кабина за музика, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви, соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити. Просторот за капење во езерото ќе биде обележан, а во рамки на уредениот простор се планирани места за информативни паноа, безжичен интернет и други погодности за забава и престој.

 

Од надлежното министерство посочуваат дека целта на овој проект е да се овозможи користење на водената површина од езерото, како и да се ползува просторот за рекреација во текот на целата година. Плажата е предвидено да се изгради во согласност со највисоките туристички стандарди, при што особено внимание ќе се посвети на зачувување на еко – интегритетот на околината.