Претходна статија
Пешачко - велосипедска патека за посетителите на езерото Козјак
Следна статија
Градежниот факултет одбележува 65 години од своето постоење

Како да се заштедат пари за греење во зимата што ни претстои?

Објавено на 06.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

 

Со одвојување на мал дел од слободното време во разгледување на алтернативите за греење, на подолг рок можете да заштедите илјадници денари, кои вообичаено се трошат за греење во текот на зимските месеци. Покрај финансиската заштеда, изборот на индивидуален начин на греење води кон намалување на загадувањето како горлив проблем за македонските градови и кон заштеда на енергија.

 

Покрај традиционалната опција за греење со дрва, во моментов најдобрата опција за греење е дрвата за огрев да се заменат со брикети. Погледнете го изборот и контактирајте со продавачите на брикети овде. Нивната атрактивност произлегува од фактот што употребата на еден тон брикети со висок квалитет се еквивалентни на четири до пет кубика огревно дрво. Со употребата на брикети се надминуваат горливите проблеми на сечење и складирање на огревното дрво, кое по правило зафаќа огромен дел од подрумските простории или останатите површини од домот. Различните модели и цени на котли на дрва погледнете го тука. Во зависност од карактеристиките што ги нудат, можат да се набават квалитетни уреди од реномирани компании од Германија, Италија, Хрватска и од други европски земји.

 

 

 

Како обновлив извор на енергија, во Македонија од година во година се зголемува побарувачката за греење со пелети (видете го изборот овде), кои се супериорно гориво за греење во однос на останатите енергенси. Пелетите штедат пари бидејќи еден тон пелети има топлинска моќ колку четири кубика огревно дрво, при што зафаќаат само една третина од просторот кое би го зафаќало огревното дрво. Можеби најважен податок е дека согорувањето на пелетите го одржува воздухот чист, тие се докажано најчисто цврсто гориво за согорување. Покрај самото гориво, камин на пелети (кликнете тука за да погледнете избор од различни фирми) е извонреден избор од неколку причини. Еден просечен камин на пелети има голема ефикасност на согорување, и тоа до 85%. Овие уреди произведуваат помалку пепел – се чистат еднаш на неколку недели.

 

 

 

За разлика од централните системи за греење, затоплувањето на електрична енергија овозможува енергетска самостојност на секој дом или на работното место. Можноста веднаш да се активира или исклучи уредот за загревање е незаменлива предност која овозможува постигнување на посакуваната температура во просторијата, со што истовремено се овозможува заштеда на финансиските средства кои се трошат за централното греење во моментите кога никој не се наоѓа во просторијата. Како најпрактични за еден дом се панелните конвектори, кои лесно се монтираат и зафаќаат помал простор, во споредба со традиционалните радијатори. Идеални за поголеми простории се фенкојлерите, кои со интелигентната контрола на управување овозможуваат адаптација на внатрешната температура и флексибилност иманентна на вентилаторските конвектори. Затоплувањето на електрична енергија е извонредно лесно со помош на инвертер клима уредите, кои во споредба со останатите уреди за загревање, можат да се користат во текот на целата година и за ладење на просториите. Богат избор од десетици разновидни инвертер клима уреди, кои можат да се набават со попуст и до 15% погледнете тука.