Претходна статија
Ќе се обнови ентериерот на Галеријата на Мартиноски во Крушево
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: За туристите барокни фасади, за станарите кошмар и ужас

Се продава земјиште за изградба на трговски центар во Илинден

Објавено на 11.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Илинден продава градежна парцела со површина од 6.380 метри квадратни за изградба на трговски центар, голема специјализирана продавница или супермаркет на локалитетот Ограѓа, на десетина километри од центарот на Скопје. Најповолниот понудувач на локацијата ќе може да подигне комерцијален објект со максимална висина од 10,2 метри, со кој треба да се зголеми бројот на трговски центри во скопскиот регион. Почетната цена на градежното земјиште изнесува 1.600 денари за метар квадратен, додека депозитот за учество на електронското јавно наддавање изнесува 3.062.400 денари. Пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 17 септември, а лицитацијата е предвидено да се одржи на 23 септември.

 

 

 

По склучувањето на купопродажниот договор и уплатата на финансиските средства, идниот инвеститор ќе треба да обезбеди градежна дозвола за изградба на големото трговско здание во временски период од 12 месеци, а должен е да го изгради во рок од 10 години од прибавувањето на одобрението за градење.