Претходна статија
На почетокот на ноември ќе се знае кој ќе го гради трамвајот во Скопје
Следна статија
Се нудат парцели за изградба на фабрики и куќи во општина Илинден

Есенва Штип ќе добие зоолошка градина

Објавено на 05.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ЈП „Исар“ од Штип забрзано работи на изградбата на зоолошката градина во овој град. Во моментов се подигаат домовите на идните животни, се изведува оградата, додека во наредниот период ќе се пристапи кон реализација на влезовите во паркот, планираното езеро и детското игралиште со простор наменет за настава на отворено. Зоолошката градина со површина од 5.000 метри квадратни треба целосно да се заврши во текот на наредните 2 месеци. Таа ќе биде сместена во рамките на постоечкиот градски парк кај Бриони.

 

 

Планирано е да се постават 40 – тина боксови, во кои ќе се сместат срни, диви свињи, лисици, мајмуни, разни видови на птици, меѓу кои пауни, соколи и егзотивни папагали. Планираните животни ќе бидат донирани од страна на штипските компании, додека со целиот простор ќе раководи јавното претпријатие „Исар“. Оттаму најавуваат дека цената на влезниците ќе биде симболична. По завршувањето на оваа етапа, ќе следува и втората фаза од проектот, со која се предвидува проширување на зоолошката градина со дополнителен простор за нови животни.

 

 

Со реализацијата на актуелниот проект на штипската локална самоуправа источниот дел од земјава ќе ја добие првата зоолошка градина. По Скопје и Битола, Штип ќе биде третиот македонски град што има зоолошка градина на својата територија.