Претходна статија
Стадионите на СП 2010 во Јужна Африка
Следна статија
Во полн ек е изградбата на нов плоштад во Кавадарци

Жан Митрев ќе гради болница во Карпош

Објавено на 08.06.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извадок од ДУПНајповолниот понудувач на јавното наддавање за државното градежно земјиште во Општина Карпош, ПЗУ „Филип Втори“, ги уплати средствата за купување на парцелата со површина од 8.400 метри квадратни. Вкупната сума изнесува 105.000.000 денари, односно 12.500 денари за метар квадратен. Согласно Деталниот урбанистички план за локалитет Карпош 2, на локацијата во близина на Воената болница е предвидено да се изгради здраствена инситуција со можност за алтернативни класи на намена за мали комерцијални и деловни дејности. Објектот ќе има приземје и најмногу 4 ката, висината до венец е ограничена на 21 метар, а максималната изградена површина изнесува 12.707 метри квадратни. Со условите на огласот се бараше да бидат обезбедени 260 болнички легла и 100 паркинг места.