Претходна статија
Спортскиот центар „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“ денеска свечено ги отворија вратите
Следна статија
Министерството за финансии се всели во нова зграда

Архитектонската изложба СТАВ презентирана и пред битолчани

Објавено на 28.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Сношти, во битолскиот Центар за Култура беше отворена изложбата СТАВ во чии рамки се претставени дипломски проекти на генерацијата запишана на Архитектонскиот Факултет Скопје – УКИМ, во 2006 година. „Тоа што можеше да се забележи од посетителите, Битола има авангардна архитектоснка фела. Фела која знае да критикува, но знае и да вреднува. Општиот заклучок е дека недостасуваат настани од ваков карактер во градот, на кои професионалците подиректно ќе дискутираат, пред се за архитектурата. СТАВ посакува оваа изложба да претставува иницијална каписла, која ќе предизвика бура од лични СТАВови, визии, критики, нови изложби, инсталации, како и активно вклучување на архитектите во општественото дејствување“ вели Благојче Цветковски од организацијата СТАВ.

 

####

 

 

Покровител на манифестацијата е Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ). По исклучително успешното отворањето на изложбата во Скопје, истата ги посети и Прилеп, Охрид и Струмица. Моментално, поставена е во Фоајето на НУ Центар за култура во Битола, а веќе се прецизираат термините за изложување во Кавадарци, Тетово и уште неколку градови низ Македонија. СТАВ успеа да им се доближи на повеќе од половината од граѓаните на Република Македонија. Како следен предизвик, неформалната организација што стои зад СТАВ размислува за презентација пред публика надвор од границите на државата.

 

####