Претходна статија
Крива Паланка доби нов плоштад и општинска зграда
Следна статија
Спортскиот центар „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“ денеска свечено ги отворија вратите

Нова фабрика ќе се гради во Бунарџик

Објавено на 26.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Украинската компанија „Енергија“ ќе вложи 18 милиони евра во фабрика за производство на еколошки системи за прочистување вода во ТИРЗ „Скопје 2“ кај Бунарџик. Инвестицијата ќе се реализира на две парцели со површина од осум хектари, а индустрискиот објект ќе има површина од 20 илјади метри квадратни. Изградбата треба да почне во април 2015 година и да трае 12 до 15 месеци. Се најавуваат 150 нови директни работни места и годишен извоз од 20 милиони евра.

 

извор: Влада на Р.М.Преговорите со украинците започнале уште пред пет години, а одлуката за инвестицијата во Македонија беше објавена во април годинава. Договорот денеска го потпишаа генералниот менаџер на „Енергија лимитед“ Андреј Конашков, директорот на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо и заменикот директор на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Климе Шекеровски, во присуство на премиерот Никола Груевски. „Системот на окси гасови  за прочистување на вода на компанијата како најнова технологија е патентирана во САД. Вакви системи веќе се користат во САД, Латинска Америка и Канада, а истовремено  во блиска иднина ќе биде користен и од страна на фабриките на „Кока кола“ низ целиот свет. Се работи за нешто што е врвна технологија во овој дел“ објасни Мизо, најавувајќи помош за инвеститорот од сите надлежни институции за реализација на инвестицијата.

 

„Многу ми е мило што нашата фабрика од Киев можеме да  ја преселиме во Македонија. Производите планираме да ги пласираме низ цела Европа. Планираме кога ќе се отвори фабриката во Македонија, да ја затвориме фабриката во Киев, а исто како што направивме кога ја отворавме фабриката во Украина ја затворивме истата во Америка. Сакаме фабриката што ќе ја изградиме во Македонија да биде монопол за целиот свет“ рече по потпишувањето на договорт менаџерот на „Енергија“ Конашков.