Претходна статија
И „Сити Галери“ ќе се преоблече во „барок“
Следна статија
АДСДП нуди на продажба 240 станови

„Жикол“ ја започна изградбата на ТИРЗ „Струга“

Објавено на 25.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ТИРЗ СтругаМакедонската влада сè повеќе се посветува на реализација на најавените Технолошко – индустриски развојни зони ширум државата. Нецел месец откако почнаа градежните работи во ТРИЗ „Радовиш“, денеска беше поставен камен темелник за инфраструктурата и во ТИРЗ „Струга“. На површина од 30 хектари ќе има вкупно 10 градежни парцели организирани во два блока. Зоната е лоцирана покрај магистралниот пат М-4, на 4,5 километри оддалеченост од Струга и 10 километри оддалеченост од Охрид. Сообраќајното поврзување со основната патна мрежа ќе се изведе со клучка на две нивоа.

 

Освен на сообраќајно поврзување, во претстојниот период исто така ќе се работи на изградба на внатрешна патна мрежа, водоводна и канализациона мрежа, како и електроенергетски и телекомуникациски приклучоци за идните фабрики. Изведувач на градежните работи е струмички „Жикол“, проектната документација ја изготви „Градежен институт Македонија“, а надзорот ќе го врши „Евро Консалтинг“.

 

Првиот инвеститор во ТИРЗ „Струга“ веќе е обезбеден – се работи за германскатата компанија „ODW Elektrik“, која ќе ја гради својата фабрика за електрични инсталации за автомобили паралелно со изградбата на зоната. Германците најавуваат инвестиција од 15 милиони евра и вработување на 1.000 лица. „Ќе почнат со работа во некоја хала, не сакаат да губат време веднаш ќе почнат. Кога ќе заврши изградбата на зоната ќе заврши и градбата на нивната фабрика. Затоа и ние ќе брзаме, што значи дека изградбата на зоната ќе заврши на време“, истакна премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на денешното симболично поставување на камен темелникот за инфраструктурата во ТИРЗ „Струга“. Според Груевски, во завршна фаза се подготовките за влез и на друга германска компанија од автомобилската индустрија, која се одлучила за „брауфилд“ инвестиција во регионот, односно го одбрала комплексот на поранешен „ЕМО“ и во период од три години ќе вработи над илјада луѓе.