Претходна статија
Проблематичните ДУП-ови во Центар одат пред Уставниот суд
Следна статија
Италијански ITEK гради во тетовската индустриска зона

Граѓаните ќе го изберат изгледот на новата плажа на Охридското езеро

Објавено на 21.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Пет архитектонски труда пристигнаа на Конкурсот за избор на идејно решение за уредување на 500 метри плажа на Охридското езеро на територијата на општина Дебарца. Министерството за транспорт и врски одлучи граѓаните преку интернет – анкета да го изберат новиот изглед на оваа плажа, која е планирано да се наоѓа во непосредна близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“. Гласањето се врши преку интернет – страницата на министерството (anketa.mtc.gov.mk).

 

Од надлежното министерство соопштуваат дека идната плажа ќе се користи во текот на целата година. Овој засега неуреден простор ќе добие автохтон песок, хортикултурно уредување, фонтани за питка вода, детски игралишта, пешачки патеки, клупи и друга урбана опрема. Плажата ќе има сервисен пункт, кој ќе се состои од шанк со кабина за музика, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви, соблекувални, остава за чадори, лежалки и други реквизити.

 

Во согласност со замислата, предвиден е простор за чадори за сонце и лежалки, на капалиштето ќе биде обележан просторот за капење во езерото со бови, како и место за службата за спасување. Покрај оваа плажа на Охридското езеро, Министерството за транспорт и врски досега инвестираше во изведбата на плажи на Преспанското и на Дојранското езеро.

 

 

Идејно решение бр.1

Идејно решение бр.1Идејно решение бр.1Идејно решение бр.1

 

 

Идејно решение бр.2

Идејно решение бр.2Идејно решение бр.2Идејно решение бр.2

 

 

Идејно решение бр.3

Идејно решение бр.3Идејно решение бр.3Идејно решение бр.3

 

 

Идејно решение бр.4

Идејно решение бр.4Идејно решение бр.4Идејно решение бр.4

 

 

Идејно решение бр.5

Идејно решение бр.5Идејно решение бр.5