Претходна статија
Граѓаните ќе го изберат изгледот на новата плажа на Охридското езеро
Следна статија
Државата ќе плати 4,8 милиони евра за канализацијата во „Сончев град“ и Сопиште

Италијански ITEK гради во тетовската индустриска зона

Објавено на 21.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Тетовската технолошко индустриска развојна зона (ТИРЗ) ја доби првата инвестиција. Италијанската компанија ITEK денеска ја започна изградбата на фабрика за композитни материјали со површина од 4.000 метри квадратни, во кој планира да вложи 3,8 милиони евра. Проектот ќе се реализира преку локално регистрираната фирма PRO COMP ADVANCED TECHNOLOGIES и во негови рамки треба да се отворат пет производствени погони на композитни профили за производство на стаклени и карбонски влакна, во кои ќе бидат вработени 120 лица.

 


* извор на фотографија: Општина Тетово

 

 

Договорот со италијански ITEK беше потпишан кон средината на јануари годинава, со што профункционира и замислата за отворање на индустриски зони по пат на јавно – приватно партнерство во земјава. Проектната документација за фабриката ја изработи „Архинг Груп“ од Тетово, додека како изведувач на градежните работи се јавува фирмата „Дидо Стил Констракшн“ од Скопје.

 

Тетовската ТИРЗ со површина од 96 хектари е дадена под концесија на норвешката компанија „Нормак инвестмент груп“, која во наредниот период ќе треба да пронајде странски инвеститори што се заинтересирани да градат индустриски објекти на овој простор.

 

 

» Форумска дискусија за ТИРЗ Тетово