Претходна статија
Приватна компанија ќе ја гасифицира источна и западна Македонија
Следна статија
Стручната јавност со критики кон измените во Законот за градење

„Докуфест“ ќе посвети внимание на „Скопје 2014“ и на јавниот простор

Објавено на 16.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По 13-ти пат, косовскиот град Призрен од 16 до 24 август ќе биде домаќин на Меѓународниот фестивал на документарни и на кратки филмови „Докуфест“. Како една од најголемите културни манифестации во регионот, во својата програма тој вклучува актуелни теми од различни општествени сфери, меѓу кои архитектурата и јавниот простор. Во рамките на овогодинешното издание, на 19 август ќе се одржи панел – дискусија на тема „Complex Cities“, под модератство на косовскиот архитект Bekim Ramku, која е замислена како разговор помеѓу архитекти, урбанисти и антрополози за јавниот простор и колективната меморија за животот на градот.

 

 

 

Како еден од ретките овогодишни документарци посветени на урбанизмот и на архитектурата, на 22 август ќе се прикаже филмот „SK 2014“ на режисерите Emilio Guerra Delgado, Guillermo Carreras – Candi и Kumjana Novakova. Самото дело претставува босанско – македонско – шпанска копродукција, кое претставува естетски портрет на огромните промени што ги носи проектот „Скопје 2014“, иницирани од македонската влада. Документарниот филм се обидува да ги истражи промените во урбаниот карактер на градот, кој од некогашните модернистички зданија се менува во локација за нови објекти градени во неокласицистички и во барокен архитектонски стил.

 

 

Бојан Блажевски