Претходна статија
Градежниците задоволни од економската состојба на нивните компании
Следна статија
Приватна компанија ќе ја гасифицира источна и западна Македонија

Продадени 15 парцели за изградба на фабрики во Струмица

Објавено на 15.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Огромен интерес за понуденото градежно земјиште за изградба на индустриски објекти од областа на лесната и незагадувачка индустрија во Струмица. Локалната самоуправа во изминативе два дена успеа да продаде 15 од вкупно огласените 16 градежни парцели. За електронското јавно наддавање се пријавија повеќе заинтересирани инвеститори, кои ги купија парцелите по цена од 100 до 4.000 денари за метар квадратен. Земјиштето се наоѓа во кругот на индустриската зона и на локалитетот Крива Река.

 

Градежно земјиште во индустриската зона во СтрумицаНа одржаните лицитации се продадоа вкупно 98.555 метри квадратни градежно земјиште, од кои во локалниот и во државниот буџет ќе се инкасираат 62.333.280 денари, односно нешто над еден милион евра. Имињата на компаниите што ќе инвестираат во развојот на индустријата во струмичкиот регион ќе се знаат по потпишувањето на купопродажните договори со Општината. Инвеститорите имаат рок од девет месеци, односно 12 месеци за парцелите поголеми од 5.000 метри квадратни, да обезбедат градежни дозволи. Планираните фабрики е треба да бидат изградени во рок од 10 години од добивањето на одобрението за градење.