Претходна статија
58 милиони денари за отворање на 14 нови градинки во земјава
Следна статија
Ќе се врши експертиза за состојбата на мостот Гоце Делчев

На продажба земјиште за изградба на трговски центри и хотел во кумановско

Објавено на 13.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Куманово денеска публикуваше оглас за отуѓување на пет градежни парцели за изградба на трговски центри, лесна и незагадувачка индустрија и хотел, лоцирани во атарот на селото Горно Коњаре. На заинтересираните домашни и странски инвеститори им се нудат локации со површина од 3.403 до 16.835 метри квадратни, на кои може да се подигнат објекти во висина од приземје и двата ката. Вкупната површина на атрактивното земјиште што е понудено на продажба изнесува 54.532 метри квадратни.

 

Почетната цена на парцелите наменети за изградба на фабрики изнесува 61 денари за метар квадратен, земјиштето каде е предвиден хотел се продава по почетна цена од 283 денари за метар квадратен, додека двете локации за големи трговски единици ќе се отуѓуваат по почетна цена од 800 денари за метар квадратен. Од локалната самоуправа информираат дека пријавите за учество на електронското јавно наддавање треба да се достават најдоцна до 12 септември, додека самата лицитација ќе се одржи на 17 септември. Тие очекуваат дека од продажбата на градежното земјиште ќе се остварат финансиски приходи од минимум 230 илјади евра.