Претходна статија
Речиси 100.000 дивоградби се легализирани во изминативе три години
Следна статија
Инвестиција од 5,5 милиони евра во индустриската зона во Илинден

880 илјади евра за реконструкција на фасада на улицата „Македонија“

Објавено на 06.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје денеска распиша оглас за избор на градежна компанија што ќе ја изведе реконструкцијата на првиот дел од фасадата на зградата со број 39 на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје. Извесно е дека главната пешачка зона во метрополата ќе добие уште една барокна фасада во протежираниот стил на проектот „Скопје 2014“. Вредноста на договорот е проценета на 54.114.733 денари или околу 880 илјади евра, без вкалкулиран ДДВ. За зафатот е изработено идејно решение и е изготвен основен проект, а финансиите се обезбедени од буџетот на Град Скопје. Градежните компании што се заинтересирани за учество на тендерот ќе треба да ги достават своите понуди најдоцна до 26 август 2014 година.

 

* Моменталниот изглед на задниот дел на реконструираниот објект „Пелистер“

 

 

Градската власт досега реконструираше неколку фасади на постоечки објекти во строгиот центар на метрополата, и тоа оние што се протегаат долж улицата „11 Октомври“ и објектот над кафулето „Тренд“. Притоа, без исклучок беше реконструирана само предната фасада од овие зданија. Дел од станарите во неколку наврати се пожалија на недовршените фасади, додека стручната јавност јасно потенцира дека мерките за енергетска ефикасност кај старите објекти е возможно да се спроведат, единствено ако се изврши целосна реконструкција на фасадата, заедно со поставување на нови прозорци на објектот.

 

Во годинешниот буџет на Градот Скопје за изведба на барокни фасади се издвоени финансиски средства во висина од 2,32 милиони евра.