Нов индустриски погон за производство на кондиторски производи ќе никне во економската зона Марино – Кадино во Општина Илинден. Се работи за вложување на компанијата „Гранд – Експорт“ во вредност од 5,5 милиони евра, кое ќе отвори 30 нови работни места. Фабриката се гради на парцела со површина од 5.000 метри квадратни, а рокот за нејзината изградба е една година. На денешното поставување камен темелник присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.
* извор: Општина Илинден
Оваа локална самоуправа во скопскиот регион е една од најатрактивните во Македонија во однос на пројавениот интерес на инвеститорите за реализација на нивните проекти. Само во изминативе две години се отворија неколку индустриски објекти на домашни и странски инвеститори, меѓу кои погонот на „Пекабеско“ и фабриката за работна и заштитна опрема на холандски „Ван Пајнброк Текстил“.