Претходна статија
„Бетон“ ќе го гради панорамското тркало на Вардар за 18,3 милиони евра
Следна статија
Голем спортско - рекреативен центар ќе се гради во општина Желино

Фабриката Карпош со значително намалена добивка во првото полугодие

Објавено на 05.08.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Намалување на добивката за 56% во првите шест месеци од 2014 година. Фабриката Карпош денеска го објави неконсолидираниот и неревидиран биланс на успех од работењето, во кој се наведува дека добивката во првото полугодие изнесувала 12.752.000 денари, во споредба со минатогодишните 29.115.000 денари. Компанијата остварила подобар резултат кај приходите од продажба за 9% (187.513.000 денари), но и значително зголемување на трошоците за суровини и други материјали – за 38% во однос на првите шест месеци од 2013 година. Фабриката Карпош од Скопје е еден од најстарите македонски производители на монтажни елементи за градежната индустрија, која во последните неколку години работи и на изградба на објекти од нискоградба и од високоградба.