Претходна статија
Продадена парцела за хотел на Пониква
Следна статија
Наскоро обнова на 10 железнички станици

Модернизираната ХЕ „Вруток“ годишно ќе произведува 50 GWh повеќе

Објавено на 31.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Влада на РМДенеска беше свечено предадена во употреба модернизираната хидроелектрана „Вруток“, која е дел од Мавровскиот систем. Со ова воедно беше означен и крајот на втората фаза од проектот за ревитализација на шест хидроелектрани во државава. Во период од година и пол, австриската компанија „Андриц Хидро“ (Andritz Hydro) и словенечката „ЕТРА Колектор“ ги модернизираа сите четири агрегати и пропратната опрема во „Вруток“, со што инсталираната моќност порасна за 18,3 мегавати, а годишното производство со иста количина вода за околу 50 гигават часови. Покрај ваквото значително зголемување на ефикасноста на овој енергетски капацитет, со зафатот беше продолжен неговиот работен век за наредните три децении.

 

Овие активности се дел од проектот за ревитализација на шест големи хидроелектрани (Шпиље, Глобочица, Тиквеш, Вруток, Врбен и Равен) во вредност од 36,6 милион евра, кој во најголем дел е финансиран преку заем од германската „КфВ“ банка (27,1 милиони евра), а преостанатите 9,5 милиони евра ги обезбеди ЕЛЕМ.