Претходна статија
Продажба на земјиште за хотел и казино кај ГП „Богородица“
Следна статија
Ветропаркот „Богданци“ со удел од 1,4% во производството на електрична енергија

Центар повторно ќе гласа за проблематичните ДУП-ови

Објавено на 24.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, го потпиша решението за запирање на објавувањето на одлуката за донесување на урбанистичките планови „Тасино чешмиче – 1“ и „Капиштец – Водно“. Со ветото од првиот човек на Центар, спорните урбанистички планови во рок од 15 дена повторно ќе се разгледуваат на нова седница на општинскиот Совет. Доколку по втор пат се изгласаат ДУП-овите, тогаш градоначалникот ќе биде должен да ги потпише истите. Жерновски денеска нагласи дека ќе ги обжали урбанистичките планови пред Уставен суд, ако мнозинството советници гласаат за нивното донесување. Со новиот ДУП за населбата Водно, предвидено е на местото на хотелот „Панорама“ да се изгради десеткатен објект.

 

* Со планираните измени во ДУП-от, на Водно е предвидено да се гради десеткатен објект

 

 

За одлуката на раководството од Општина Центар со своја реакција се јави и премиерот Никола Груевски. Во денешната изјава тој рече дека градоначалникот Жерновски изигрува жртва за да го сокрие своето неработење и нереализирање на ветеното. Премиерот Никола Груевски изјави дека не се остварени предизборните ветувања, со кои Андреј Жерновски ја освои власта во општината. Со 11 гласови „за“ и еден глас „против“, минатиот петок советниците од оваа локална самоуправа гласаа за измените на двата урбанистички планови, потег кој после неколку дена беше оспорен и од министерот за локална самоуправа.