Претходна статија
Ќе се дозволи ли изградба на десеткатница на Водно?!
Следна статија
Десеткатница на Водно сепак ќе се гради, а реконструкцијата на ГТЦ засега одложена

Владата ќе бара инвеститори за изградба на 30 објекти покрај патиштата

Објавено на 17.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во наредните четири години долж македонските патишта би се изградиле 30 комерцијални инфраструктурни објекти на земјиште што ќе им биде понудено на заинтересирани инвеститори. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев информираше дека со овој проект покрај автопатите, магистралните и регионалните патишта би се подигнале мотели, бензински станици и слични објекти, кои се во функција на зголемување на квалитетот на транспортот и на економскиот развој. „На минатата седница Владата ја усвои Информацијата на Министерството за транспорт и врски и усвои акциски план за реализација на активностите за изработка на урбанистичко – планска документација за изградба на 30 комерцијални инфраструктурни објекти“, вели Ѓорѓиев.

 

 

 

По извршената анализа, утврдени се девет локации за изведба на бензински станици и придружни објекти, и тоа долж идниот автопат Кичево – Охрид на две локации, по една во близина на Мешеишта и во близина на Сливово, на планираната делница Миладиновци – Штип на четири локации, по една во близина на Пеширово и на Сопот и две во близина на Свети Николе и на автопатот Демир Капија – Смоквица на три локации, две во близина на Миравци и една во близина на Милетково. За реализација на оваа идеја, во наредниот период ќе се изготват ажурирани геодетски подлоги и ќе се изработи урбанистичко – планска документација. По оваа фаза, деветте локации ќе бидат понудени на заинтереситените купувачи по пат на електронско јавно наддавање.

 

Од владата напоменуваат дека со напредокот во изградбата на двата нови автопати ќе биде извршен дополнителен увид на лице место, при што ќе се утврди дали постојат услови за урбанизација на дополнителни локации долж нивните траси.