Претходна статија
Струмица продава парцели за изградба на индустриски објекти
Следна статија
Се продаваат 16 градежни парцели во Велес

Општина Илинден бара инвеститор за изградба на Дом за стари лица

Објавено на 14.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната самоуправа од Илинден нуди градежна парцела за изградба на Дом за стари лица на територијата на оваа општина. Се работи за локација со изведени инфраструктурни приклучоци, на околу десет километри од центарот на Скопје. Површината на огласената парцела изнесува 9.968 метри квадратни, и на неа може да се подигне објект со приземје и два ката, со максимална висина од 10 метри. Земјиштето ќе се продава по почетна цена од 61 денари за метар квадратен. Заинтересираните инвеститори треба да ги достават своите пријави најдоцна до 18 август, а лицитацијата ќе се одржи на 21 август.

 

 

 

По купувањето на земјиштето, идниот инвеститор ќе има рок од 12 месеци за да обезбеди одобрение за градење. Реализацијата на проектот „Дом за стари лица“ е една од зацртаните цели и капитални приоритетни проекти во Стратешкиот план за Локален економски развој, се наведува во денешното соопштение од општина Илинден.