Претходна статија
Град Скопје за барокни фасади годинава ќе издвои 2,32 милиони евра
Следна статија
Подземната сообраќајница останува без финансии за годинава

Скопје доби нов скејт – парк

Објавено на 07.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска го отворија новиот скејт – парк, лоциран на Кејот на реката Вардар, во близина на паркот „Опатија“. Овој простор е наменет скејтери, ролерџии и велосипедисти, кои досега користеа импровизирани рампи за нивната спортска рекреација во близина на Камениот мост. „Површината на скејт – паркот е со димензии 15 на 50 метри, на која се поставени девет справи (елементи со рампа) на асфалтна подлога според бараните карактеристики за овој вид спортови, а уредено е и место за одмор и собирање“, изјави градоначалникот Коце Трајановски.

 

извор: Град Скопјеизвор: Град Скопјеизвор: Град Скопје

 

 

Објектот го осветлуваат пет столбови за осветлување со 20 рефлектори, со што граѓаните може да ги практикуваат екстремните спортови и во текот на вечерните часови. Од градскиот буџет за новиот скејт – парк беа издвоени финансиски средства во износ од 12 милиони денари. Уредувањето на овој простор е на иницијатива на љубителите на урбани и екстремни спортови, кои со нивните познавања учествуваа во изведбата.