Претходна статија
Странци ќе не советуваат за планираните туристичко - развојни зони
Следна статија
Објектите на Плаошник ќе се довршуваат по препораките на УНЕСКО

Охрид домаќин на Втората меѓународна летна школа за архитектура и дизајн

Објавено на 30.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Од денеска во Охрид започнува Втората меѓународна летна школа за архитектура и дизајн, која во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ – Скопје се одржува во рамките на Охридско лето. Годинашната тема на манифестацијата е „Преобмислување на метаболизмот“. Гости на летната школа се јапонските архитекти Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима, како и архитектите Винко Пенезиќ и Крешимир Рогина од Хрватска. Преку 50 пријавени учесници од десетина земји во периодот до 6 јули ќе имаат можност да присуствуваат на предавањата на еминентни имиња од архитектонската фела.

 

 

 

Целта на Меѓународната летна школа за архитектура и дизајн е да се афирмира и промовира архитектурата, но и да се продлабочат професионалните знаења и способности на студентите по архитектура. Тие ќе бидат поделени во групи и заедно со професорите и менторите ќе имаат можност да креираат свои сценарија за ново видување на архитектурата и јавниот градски простор. На крајот од овој културен настан, кој претставува вистинска реткост во земјава, ќе се организира изложба и јавна презентација на трудовите, а на сите учесници ќе им бидат доделени дипломи.