Претходна статија
На продажба одат уште 15 парцели за домување во населбата „Јака“
Следна статија
Со зголемена добивка лани, скопски „Бетон“ чека нови договори од државата

Нови стојалишта за таксистите во Скопје

Објавено на 27.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#По изготвувањето на измените и дополнувањата во основниот сообраќаен проект, Градот Скопје одлучи да го зголеми бројот на такси стојалишта од постоечките 135 на 162 станици на кои таксистите ќе можат да чекаат патници. Скопските таксисти со најновите измени добија 184 нови места, со што вкупниот капацитет на стојалиштата се искачи на 867. Со модификациите на сообраќајниот проект од 2010 година се утврдуваат нови такси стојалишта во градот, некои од постоечките се укинуваат, а други се дислоцирани. Меѓу најатрактивните станици што се укинуваат се оние кај Соборниот хром, пицеријата „Мечос“, објектот „Тифани“ и Градската болница.

 

Со донесената одлука се определуваат и нови такси стојалишта кај спортската арена „Филип Втори“, на улицата „Орце Николов“, кај трговскиот центар „Рамстор“, на „Рекорд“, на булеварот „ВМРО“ и улицата „Максим Горки“, како и на други локации во централното градско подрачје. Други промени во работењето на такси превозот во главниот град нема да има. Максималниот број на такси возила во Скопје и понатаму е ограничен на 3.000 возила.