Претходна статија
Панорамското тркало ја достигна вредноста од 15,5 милиони евра
Следна статија
Универзитетот на Југоисточна Европа преминува на греење со биомаса

Ќе се доврши новата зграда на училиштето „Живко Брајковски“ во Бутел

Објавено на 25.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на скопската општина Бутел Петре Латиновски денеска потпишаа договор за финансирање на довршувањето на новата зграда за основното училиште „Живко Брајковски“. Овој образовен објект во моментов е доведен на ниво на карабина, додека во втората фаза е планирано неговото целосно довршување. Со потпишаниот договор се обезбедија финансиски средства во износ од 73 милиони денари преку кредитна линија на Светската банка. Новата училишна зграда е една од поголемите што се градат на ниво на целата земја и со нејзината реализација на околу 800 деца ќе им биде овозможено да ја посетуваат наставата во една смена.

 

Образовниот објект се гради на површина од 5.000 метри квадратни, за што од општинскиот буџет веќе се издвоија средства во висина од преку 40 милиони денари. Новото здание ќе се грее на гас, а во рамките на изградбата ќе бидат применети неопходните мерки за енергетска ефикасност. Изградбата на училиштето ќе биде завршена до средината на 2015 година.