Фабриката Карпош во првите три месеци од годинава ја зголеми добивката за 46% во споредба со идентичниот период од 2013 година. Според неконсолидираниот биланс на успех, вкупната добивка на оваа компанија во првиот квартал од 2014 година изнесувала 8.347.000 денари. Притоа, приходите од продажба изнесувале 83.613.000 денари, што се должи на растот на продажбата од 14% на домашниот пазар. Истовремено, компанијата успеала да ги намали административните трошоци и трошоците за продажба и маркетинг. Трошоците за работење на фабриката Карпош во првите три месеци од годинава изнесувале 12.644.000 денари, односно се зголемени за 28% во споредба со истиот период лани.
Фабриката Карпош е производител на монтажни елементи за градежната индустрија, а во последните години работи и како градежна компанија за изградба на објекти од нискоградба и од високоградба. Таа ги пласира своите производи на домашниот пазар и во соседните Бугарија, Србија, Албанија и Косово. Оваа компанија лани прослави 65 години од своето основање.