Претходна статија
Осветена новата црква „Св. Јован Крстител“ во Аеродром
Следна статија
Нови осум павилјони во студентскиот дом „Стив Наумов“

ЕЛЕМ избра консултант за изградба на туристичкиот комплекс Ливадиште

Објавено на 14.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Друштвото за консалтинг „ГРАНТ ТОРНТОН КОНСАЛТИНГ“ од Скопје во наредните седум и пол месеци ќе ја советува државната ЕЛЕМ во однос на можноста за изградба на туристички комплекс на местото на постоечкиот автокамп „Ливадиште“ во Струга. Оваа консултантска куќа ќе треба да изработи физибилити студија за оправданоста од доделување на договор за јавно – приватно партнерство за изградба на замислениот туристички комплекс. Истовремено, на ЕЛЕМ тие ќе бидат должни да им испорачаат консултантски услуги за посредување во реализацијата на процесот на доделување на договорот.

 

ЕЛЕМ од сопствениот буџет за оваа намена издвои 17.700.000 денари или околу 290 илјади евра. Во насока на реализација на овој проект, веќе е изработен Извештај за стратегиска оценка на животната средина за урбанистичко планската документација за локалитетот. Ако се остварат овие планови, на брегот на Охридското езеро ќе се изгради нов комплекс со сместувачки капацитети, објекти за комерцијални и деловни намени, угостителски локали, здравствени установи и објекти за спорт и рекреација.