Претходна статија
Се изготвува проектот за експресен пат кон Бугарија
Следна статија
Македонците склони кон изградба на станови во индивидуална режија

Охрискиот Антички театар и Долни Сарај со покривни конструкции

Објавено на 11.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Античкиот театар и сцената на Долни Сарај во Охрид подготвени ќе ги дочекаат културните случувања во склоп на „Охридско лето“. На овие две локации во моментов се одвиваат градежни активности за поставување на покривна конструкција, соопштуваат од Министерството за култура. Главната цел на овие проекти е да се заштити сцената од надворешни влијанија. Проектот за покривање на Античкиот театар се очекува да заврши најдоцна до 12 јули, за кога е закажано отворањето на овогодинешното издание на фестивалот „Охридско лето“.

 

####

 

 

Со финансиска поддршка на надлежното министерство се одвиваат и изведбените активности за поставување на покривна конструкција на сцената на Долни Сарај. Овие зафати ќе овозможат унапредување на условите за реализација на програмата на фестивалот „Охридско лето“, како и на другите културни манифестации што се организираат во текот на годината во нашиот најзначаен туристички центар.