Општина Тетово се одлучи да санира три значајни улици во овој град. Градежните компании „Бетон“ од Скопје и „Жикол“ од Струмица се избрани да ги реализираат планираните проекти со вкупна вредност од 51.062.364 денари, односно 830 илјади евра. Со претстојните зафати ќе се реконструира дел од улицата „Благоја Тоска“, на потегот од крстосницата со улица „Браќа Миладинови“ до крстосницата со улица „29 Ноември“ во центарот на градот, потоа улицата „Браќа Миладинови“, на потегот од крстосницата со булевар „Илинденска“ до крстосницата со улицата „Ѓорче Петров“, како и улицата што води до Клиничкиот центар. Сите три проекти е зацртано да се комплетираат во временски период од шест месеци. Избраните делници подолго време се во лоша состојба, со големи дупки на коловозот.