Претходна статија
Доделени субвенции на 606 граѓани за купени сончеви колектори
Следна статија
Се зголемил бројот на предвидени станови за градење во април

Отворен македонскиот павилјон на Биеналето на архитектурата во Венеција

Објавено на 07.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонија по шести пат зема учество на најзначајниот меѓународен настан од областа на архитектурата. Во „Artiglierie“, во венецискиот Арсенал свечено беше отворен Павилјонот на нашата држава на 14-тото Венециско биенале на архитектурата. Годинава на интернационалната изложба учествуваме со националниот проект „Наоди“, предложен и организиран од Младинскиот културен центар – Скопје. Македонскиот павилјон е сместен во старата оружарница во престижниот историски комплекс „Арсенале“,  составен од неколку взаемно поврзани објекти кои овозможуваат извонредни услови за изложување.

 

Покрај македонскиот, во комплексот на старата оружарница се сместени и павилјоните на Аргентина, Албанија, Костарика, Обединетите Арапски Емирати, Мексико, Перу, Јужна Африка и Турција. Куратор на изложбата „Наоди“ е Јован Ивановски, доцент на Архитектонскиот факултет во Скопје, кој на проектот работеше заедно со Ана Ивановска – Дескова, Горан Мицковски, Бојан Каранаков, Огнен Марина, Владимир Десков и Александар Радевски. Изложените идеи на светските архитекти ќе бидат достапни за посетителите до 23 ноември 2014 година.

 

Нашата земја на Венециското биенале на архитектурата се претставува од 2004 година. Учеството на македонските архитекти на овој престижен меѓународен настан е под покровителство на Министерството за култура.