Претходна статија
Бугарска фирма ќе ја довршува општинската зграда во Карпош
Следна статија
„Јахја Кемал“ гради ново основно и средно училиште во Тафталиџе

Се работи на санација на црквата „Св. Никола“ во с. Манастир, Мариово

Објавено на 03.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Стручните екипи на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп работат на конзервација и санација на црквата „Св. Никола“ во мариовското село Манастир. Во рамките на проектот интензивно се работи на конзервација на фрескоживописот, како и на конструктивна консолидација на темелите при што ќе се извршат и археолошки истражувања на оваа црква. Со материјална поддршка на Министерството за култура, пред отпочнувањето на санациониот проект е изработена и студија за конзерваторско – реставраторските зафати во објектот. Причината за реализација на проектот лежи во потребата од адекватна заштита и презентација на овој значаен споменик на културата од XI до XIII век.

 

извор: Министерство за култураизвор: Министерство за култураизвор: Министерство за култура

 

 

Црквата „Св. Никола“ во селото Манастир била изградена во 1095 година, а денешниот изглед го добила во 1266 година. Според архитектурата, таа претставува трикорабна базилика и е еден од најзначајните споменици на културата од византискиот период кој содржи извонредни фрески, какви што се „Св. Богородица со ангелите“ и „Св. Никола“. Се работи за многу редок тип сликарство, кој е застапен само во црквата во Курбиново и во „Света Софија“ во Охрид.