Претходна статија
НБРМ: Цената на становите во Скопје продолжува да паѓа
Следна статија
„Кинескиот ѕид“ прерасна во резиденцијален комплекс

Зеленилото капитулираше пред градежната експанзија во центарот на Скопје

Објавено на 29.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Ако се продолжи со постоечкото темпо на граење врз зелените површини, центарот на Скопје во 2017 година ќе има само 18.680 метри квадратни зеленило, што претставува драстично намалување на зелената површина во споредба со 2002 година, кога истата изнесувала дури 75.649 метри квадратни. Овој податок е изнесен во студијата „Состојби и тенденции за намалување на градското зеленило во Мал Ринг во Скопје 2002 – 2017“, изготвен од невладината организација „Плоштад Слобода“. Истражувањето на Ирина Грчева, Леонора Грчева, Лука Јовичиќ и Ивана Драгшиќ покажува дека во строгиот центар на Скопје во 2012 година имало за 50 отсто помалку зеленило во споредба со 2002 година.

 

* Некогашниот парк кај хотел Бристол пред напливот на владини објекти

 

 

Студијата е изработена врз основа на урбанистичките планови за Малиот Ринг од 1997 до 2012 година, ГИС методите за анализа на прашањето за зелените површини и врз основа на снимките на „Гугл Земја“ од пред 10 години и денес. Од невладината организација посочуваат дека површината на крошните на дрвјата се намалила за 20 отсто во периодот од 2002 до 2013 година. „Плоштад Слобода“ бара измени во Законот за животна средина и во Законот за просторно и урбанистичко планирање, со кои ќе се предвиди поголем процент на зеленило од сегашните 30 отсто од една градежна парцела. Изработената студија од оваа невладина организација е во рамките на проектот „Сосед чувар“.