Претходна статија
Заврши обновата на две фасади на заштитени објекти долж булеварот „Илинден“
Следна статија
Отворен третиот Меѓународен саем за транспорт

ФОТО ВЕСТ: Се гради општинската зграда во Ѓорче Петров

Објавено на 28.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На локацијата спроти трговскиот центар „СП Планет“ во скопската населба Ѓорче Петров, веќе неколку месеци се работи на изградбата на новата општинска зграда и „Емпорио бизнис центар“ [»мапа]. Градежната механизација е активна на ископување на градежната јама, а се вршат и подготвителни работи за поставување на темелите на идниот објект на пет ката. Неговата вкупна површина ќе изнесува околу 30.000 метри квадратни. Според потпишаниот договор, локалната администрација на Ѓорче Петров ќе треба да добие 3.600 метри квадратни, додека останатиот простор ќе и припадне на компанијата – инвеститор во проектот.

 

###

###

 

 

Според информациите објавени на веб – страницата на „Емпорио бизнис центар“, објектот ќе опфати 60% шопинг простор, додека 40% се наменети за деловни простории. Во склоп на зданието ќе биде изграден подземен паркинг на две нивоа со вкупно 350 паркинг – места. Новата зграда на општина Ѓорче Петров и идниот комерцијално – деловен објект на „Трансмет“ ќе бидат завршени во 2016 година. Проектот го изработи „ДСЦ Дизајн“ од Скопје, додека како изведувач на градежните работи се јавува самиот инвеститор.

 

##

##

 

 

Овој проект се реализира по пат на јавно – приватно партнерство помеѓу општина Ѓорче Петров и градежната компанија – инвеститор „Трансмет“ од Скопје. Договорот за негова реализација се потпиша кон крајот на јуни 2013 година, при што приватниот инвеститор ја доби градежната парцела од општина Ѓорче Петров, а за возврат во новиот објект треба да обезбеди простор за општинската администрација.