Претходна статија
„Бауер БГ“ ќе го гради кружниот тек на булеварот „Партизански одреди“
Следна статија
Подземната сообраќајница ќе чека подобри времиња

Постепено се реализира уредувањето на коритото на Отиња во Штип

Објавено на 23.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со помош на донации, како и финансиски средства од локалниот буџет, општина Штип е при крај со уредувањето на првите два дела од речното корито на Отиња, а изградена е и првата паркинг платформа во централното градско подрачје. Со финансиска донација од приватниот сектор во висина од 50.000 евра, изведена е првата платформа со капацитет за паркирање на 25 возила. Од локалната самоуправа најавуваат дека наскоро треба да започне реализацијата на уште една платформа, лоцирана од спротивната страна на кејот. Паралелно со остварувањето на овие инфраструктурни зафати, ќе се одвива и доуредување на речното корито.

 

#За првиот дел од овој проект веќе се издвоија финансии од 20.000 евра. Притоа, уреден е сегментот од Камениот мост до мостот кај Стопанска банка во должина од околу 200 метри. Коритото е со широчина од четири метри, средниот слој е 14 метри, а крајните слоеви покрај ѕидовите се со широчина од три метри. Широчината на новото корито на Отиња изнесува околу 27 метри. Локалната самоуправа во моментов ги привршува работите на изведба на вториот дел од овој градежен зафат, на потегот од Камениот мост до мостот кај гимназијата. Во коритото на реката се изведени пешачки патеки, поставени се клупи за седење, а целиот простор е хортикултурно уреден. Според проценките на општина Штип, за целосно уредување на речното корито во градот ќе бидат потребни околу 36 месеци.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект