Претходна статија
Расте интересот за ползување на биогасот како енергенс во земјава
Следна статија
Големата награда за архитектура на БИМАС 2014 остана недоделена

Убавините на Матка во иднина ќе бидат подостапни за посетителите

Објавено на 19.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Градот Скопје ќе ја реконструира постоечката пешачка патека од пештерата Врело до пештерата Убава во спелеолошкиот парк Кањон Матка. Реализацијата на овој зафат е дел од Програмата за ревитализација и реконструкција на туристичко – рекреативниот центар Матка. Санацијата на патеката ќе ја изведе фирмата „Мобил-ЕЛ“ од Скопје во рок од три месеци. Во проектот ќе се вложат 2.018.782 денари, односно околу 32.000 евра. Со остварување на градежниот зафат ќе се овозможи безбедно движење на посетителите на овој дел од Кањонот Матка. Градската администрација планира да изгради и пешачки мост преку езерото Матка во рамките на овој познат туристичко – рекреативен центар во скопскиот регион. За таа цел, на почетокот од годинава беше потпишан договор за изработка на проект за овој инфраструктурен објект. Висечкиот пешачки мост треба да им овозможи пристап на граѓаните до пештерите Врело, Крштела и Убава.