„Град на солидарноста“ се вика овогодинешното, трето издание на „Форум Скопје“, кој започнува вечерва во 18:00 часот со презентација на студентски проекти. Официјалното отворање е утре во 19:00 часот со предавање на Антонио Петров од универзитетот Харвард на тема „Скопје – паралакса помеѓу 1963 и 2014“. Во наредните три дена ќе следат дебати на различни теми, а сите случувања ќе се одржуваат во просториите на „Мала Станица“.