Претходна статија
Привршува доградбата на Собранието
Следна статија
Градежниците задоволни од економската и финансиската состојба во првото тримесечје

450 илјади евра за Мултимедијален културен центар во Штип

Објавено на 15.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Стариот руиниран објект (извор: Општина Штип)Руинираното летно кино во Штип ќе биде урнато, а на негово место ќе се гради мултимедијален културен центар [»мапа], кој ќе биде во функција на уметниците и ќе прерасне во првиот креативен кластер во земјава. Во текот на наредната недела е предвидено да почне уривањето на киното, а ќе се распише и тендерот за избор на изведувач на новиот објект. Планираната корисна површина на новото културно здание е 750 метри квадратни. Во негови рамки не е предвидено кино на отворено, но ќе има сала за прикажување филмови и разни други уметнички презентации.

 

Како реализатор на овој проект се јавува Центарот за развој на источниот плански регион. Најголем дел од потребните финансиски средства се обезбедени преку ИПА програмата за меѓународна соработка со Бугарија, а како партнер на Штип е бугарската општина Гоце Делчев. Од вкупно 448.000 евра, за овој штипски проект ќе бидат издвоени 300.000 евра. Локалната самоуправа од Штип ќе учествува со 150.000 евра, со што вкупната висина на инвестицијата изнесува 450.000 евра. Градежните работи би требало да завршат кон крајот на 2015 година.