Претходна статија
Првото тримесечје донесе раст на добивката на скопски „Бетон“
Следна статија
Во март биле издадени одобренија за градба за проекти со вкупна вредност од 352 милиони евра

Започна реконструкцијата на главната улица во Пробиштип

Објавено на 09.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Влада на РМВицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска присуствуваше на почетокот на реконструкцијата на улицата „Јаким Стајковски“ во центарот на Пробиштип. Со кредит од Светска банка, обезбедени се половина милион евра за целосно санирање на главната сообраќајница во градот. Проектот опфаќа обнова на коловозот во должина од 1.220 метри, изведба на нови пешачки патеки и хоризонтална и вертикална сигнализацијата долж целата улица. Изведувач на градежните работи е струмички „Жикол“. Според првичните очекувања на локалната самоуправа, реконструкцијата на „Јаким Стајковски“ би требало да заврши во временски период од шест месеци.