Претходна статија
Потпишан договорот за адаптација на Милениумскиот крст
Следна статија
Започна реконструкцијата на главната улица во Пробиштип

Првото тримесечје донесе раст на добивката на скопски „Бетон“

Објавено на 09.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната компанија „Бетон“ од Скопје оствари позитивен раст на добивката од 7,41% во првите три месеци од 2014 година во споредба со истиот период лани. Нето добивката од реализација на градителските проекти во неконсолидираниот биланс на успех изнесува 18.700.378 денари или околу 300 илјади евра. Вкупните приходи во првото тримесечје се во износ од 559.021.872 денари и бележат пораст од 8,69% во однос на остварените приходи од истиот период од 2013 година. Истовремено, остварените вкупни расходи се во висина од 540.321.494 денари и бележат пораст од 8,73%.

 

 

 

Од компанијата истакнуваат дека позитивниот финансиски резултат се должи на зголемените активности во градежништвото, особено во областа на нискоградбата. Во согласност со консолидираниот биланс на успех, остварена е добивка од 18.061.784 денари или за 14,36% повеќе во однос на првите три месеци од 2013 година. Покрај работата на ДГ „Бетон“ Скопје, консолидираниот биланс на успех го вклучува и работењето на следниве друштва за експлоатација на минерални суровини, и тоа: „Бетон – Про“ ДОО Скопје, „Бетон – Каменолом“ ДОО Скопје и „Бетон Рудник“ ДОО Скопје.