Претходна статија
Обновливи извори на електрична енергија во Македонија - инфографик
Следна статија
Две станбени згради во Центар добија нови енергетско ефикасни фасади

7,5 милиони евра за довршување на зградата на „Водовод и канализација“

Објавено на 07.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#„Алдинг Инженеринг“ ќе го доврши новото барокно седиште на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ под Скопското кале [»мапа] кое во моментов е доведено до ниво на отворена карабина. Ова јавно претпријатие на 30 април потпишало договор за извршување на преостанатите градежни и градежно – занаетчиски работи за доградба на објектот, за што на изведувачот ќе му бидат исплатени финансиски средства во висина од 462.470.215 денари или околу 7,5 милиони евра. Објектот е висок 21 метар, има пет ката и подземен паркинг на три нивоа што ќе може да прими 138 возила. Површината на градба изнесува 5.326 метри квадратни, додека подземните нивоа зафаќаат простор со површина од 5.334 метри квадратни. Поради банкротот на претходниот изведувач на работите – австриската компанија „Алпине Бау“, во јуни 2013 година беа повлечени работниците и се прекинаа градежните работи на терен.

 

Идејното решение за оваа административна зграда го изработи Жарко Чаушевски, кој редовно учествува на конкурсите поврзани со проектот „Скопје 2014“. Изградбата на објектот започна во декември 2011 година, а првично најавениот рок за изградба беше три години.