Претходна статија
Првото училиште на македонски јазик целосно ќе се реконструира
Следна статија
Пет нови живеалишта за животни ќе добие Зоолошката градина во Битола

АД „Галеб“ ќе го опслужува јавниот градски превоз во Охрид

Објавено на 05.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Охрид го одбра автотранспортното претпријатие „Галеб“ за најповолен понудувач во однос на воведувањето две градски линии, со кои периферните населби ќе се поврзат со централното градско подрачје. Очекувањата се дека автобусите ќе започнат да сообраќаат за еден месец, откако ќе се заврши постапката за обезбедување дозвола за работа и обележување на автобуските стојалишта низ градот. Цената на билет за едно возење ќе изнесува 20 денари. Двете градски линии од јавниот превоз ќе ги поврзат меѓуградската автобуска станица, населбата Гоце Делчев, охридската општа болница и булеварот Железничка со булеварот Туристичка, кој минува низ центарот на Охрид.

 

АД „Галеб“ ќе има обврска да го одржува јавниот превоз во градот во наредните пет години. За редовно опслужување на линиите, локалната самоуправа бараше приватната компанија со минимум два автобуси и два минибуси за превоз на патници. Покрај во Охрид, градски превоз на ниво на Македонија досега имаат организирано Скопје, Битола, Прилеп и Куманово, а оваа идеја во минатиот период ја споменаа и градските татковци на Штип, Кочани и Тетово, како дел од нивната програма за работа во претстојниот период.