Претходна статија
И „Бетон“ се вклучува во изградбата на автопатот Миладиновци - Штип
Следна статија
Отворен трговскиот центар „Палма Мол“ во Тетово

ФФМ побара донација од УЕФА за реконструкција на пет стадиони

Објавено на 30.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) аплицираше до УЕФА за добивање финансиски средства од „хет-трик“ програмата за реконструкција на пет фудбалски стадиони со природна трева и осветлување со стандарди за меѓународни натпреварувања. Покрај финансиските средства од УЕФА, овие проекти треба да се реализираат во соработка со македонските општини, бидејќи првиот услов за користење на донацијата е стадионот да биде во сопственост на државата или на локалната самоуправа.

 

Битола е една од општините што веќе изготви проектна документација за нов стадионИзведбените активности ќе се реализираат преку соработка на ФФМ, УЕФА и секоја од македонските општини што ќе биде избрана во рамките на проектот. Притоа, локалните власти ќе имаат обврска да изградат трибини, од кои задолжително една покриена трибина со најмалку 5.000 седишта, и да изведат инфраструктурно уредување на соблекувалните и просториите за службени лица во согласност со критериумите на УЕФА. Подготовките за имплементација на овој проект веќе се започнати и локалните самоуправи сега треба да аплицираат за учество. Во наредниот период ќе следи избор на петте општини кои изразиле интерес за реконструкцијата на фудбалските стадиони.

 

Од ФФМ исто така истакнуваат дека проектот за изградба на десет терени со вештачка трева во македонските општини успешно се спроведува и дека до крајот на годинава ќе биде во целост реализиран.