Претходна статија
Општина Охрид ќе субвенционира евтини летови за Лондон
Следна статија
ФФМ побара донација од УЕФА за реконструкција на пет стадиони

И „Бетон“ се вклучува во изградбата на автопатот Миладиновци – Штип

Објавено на 30.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Покрај оперативата на компанијата „Гранит“, кинески „Синохидро“ за подизведувач на градежните работи на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип го ангажираше и скопски „Бетон“. За реализација на првиот пакет од изградбата на источната автопатска делница во должина од 47 километри, кинезите на „Бетон“ ќе му исплатат 91.617.682 евра. Ако се земе во предвид претходно потпишаниот договор со „Гранит“, може да се истакне дека двата најголеми играчи во македонскиот градежен сектор само од изведбата на овој проект ќе обезбедат приходи во висина од 124.171.175 евра.

 

 * „Бетон“ беше ангажиран како подизведувач и на западната делница на скопската обиколница

 

 

Изградбата на првите 10 километри од автопатот Миладиновци – Штип на територијата на општина Свети Николе веќе е започната. Механизацијата активно работи на терен за пробивање на планираната траса. Во согласност со проектната документација, предвидено е да се изгради делница со по две коловозни ленти и по една помошна лента за застанување за секој правец (широчина 2 х 10,7 метри) и средишен зелен појас (широчина 6 метри). Комплетирањето на овој проект се очекува најдоцна до 2018 година, а висината на инвестицијата изнесува 206 милиони евра.