Претходна статија
Над милион евра за новите фасади на улиците „Никола Вапцаров“ и „Димитрие Чуповски“
Следна статија
Стартуваше изградбата на фабрика за автобуски делови во Штип

„Актор“ продолжува со изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица

Објавено на 23.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Подружницата на грчката компанија „Актор“ АДТ во Скопје денеска соопшти дека ги продолжува градежните активности за изградба на автопатската делница Демир Капија – Смоквица. Во нивниот камп во Миравци денеска ќе се одржат интервјуа за работа со селектираните кандидати. На терен се реализирани повеќе од третина од севкупните активности во рамките на проектот, но изведбата беше речиси целосно блокирана на крајот од март. Краткиот прекин на изградбата на автопатската делница во должина од 28,2 километри следуваше по обелоденувањето на аферата за извлекување на повеќе од три милиони евра во кеш од страна на грчки државјани. Неколку дена по објавувањето на оваа тема од опозициската партија СДСМ, Јавното обвинителство донесе времена мерка за блокирање на имотот и сметките на двете трговски друштва на „Актор“ во Македонија.

 

Автопатот од Демир Капија до Смоквица треба да се заврши до 2016 година. Новата делница ќе се состои од по две коловозни ленти во секој правец, широки по 3,5 метри. Во рамки на трасата има два двоцевни тунели во должина од 1.200 метри и шест мостови, од кои најдолгиот ќе биде со должина од 660 метри. Градежните работи на овој проект започнаа во септември 2012 година.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект