Претходна статија
Сергеј Бубка предаде во употреба нова атлетска патека во Охрид
Следна статија
„Текнохосе“ влегува во Бунарџик

Гранит ќе го гради новиот Кривичен суд во Скопје

Објавено на 18.05.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денес е потпишан договор помеѓу Министерството за правда на Република Македонија и ГД Гранит АД Скопје, за изградба на новa зграда во која ќе биде сместен Кривичниот суд. Објектот ќе никне во постојниот судски комплекс, веднаш до зградите на Врховниот суд, Апелациониот суд и Основниот суд Скопје 1, на празниот простор зад Архивот на Македонија. Инвестицијата изнесува 7,6 милиони евра, а рокот за завршување со градба е 18 месеци. Првично беше најавено дека изградбата ќе почне во март и дека и дека цената ќе биде околу 6 милиони евра.


На 8.862 метри квадратни корисна површина меѓудругото ќе има 74 судски кабинети, 22 средни судници, како и  2 големи репрезентативни судници, за 200 и за 100 лица. На приземјето ќе се наоѓа шалтерска сала за 60 вработени и спомен просторија, а во подрумот на две нивоа ќе има паркинг простор за 60 возила. Предвидени се три одвоени и независни комуникациски нивоа за јавноста, вработените и приведените лица.



Форумска дискусија за овој проект » овде