Претходна статија
Продолжува реконструкцијата на манастирскиот комплекс Зрзе
Следна статија
Конечно стартуваше Јавниот градски превоз во Прилеп

Новите македонски возови од швајцарски „Штадлер“ или кинески „ЦСР“

Објавено на 18.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Двете странски компании што ги задоволија критериумите на меѓународниот тендер за купување на шест нови патнички гарнитури за Македонски железници – Транспорт се швајцарската компанија „Штадлер Буснанг АГ“ (Stadler Bussnang AG) и кинеската државна компанија „ЦСР Корпорејшн Лимитед“ (CSR Corporation Limited), објави денеска телевизија „Алфа“. Поповолна финансиска понуда доставиле кинезите, кои за четирите дизел моторни и двете електро моторни гарнитури бараат сума од 24.988.000 евра, додека швајцарски „Штадлер“ за доставил понуда во висина од 25.498.000 евра. Понудите биле отворени пред четири дена, а МЖ – Транспорт ќе го избере најповолниот понудувач кон крајот на мај годинава.

 

* Патничка гарнитура од „Штадлер Буснанг АГ“ 

 

 

Двете компании што доставиле понуди на меѓународниот тендер не се непознати за стручната јавност. Кинеската компанија е најголем производител на електрични локомотиви во светот, но истовремено речиси и да не испорачува за европските земји, концентрирајќи го своето присуство на азискиот, африканскиот и јужноамериканскиот пазар. Од друга страна, швајцарски „Штадлер“ редовно добива зделки од европските железници, а во регионов е присутен со свои гарнитури во возниот парк на државните железници на Грција и Србија, која неодамна се одлучи да купи 21 електро моторна гарнитура токму од овој производител.

 

* Патничка гарнитура од „ЦСР Корпорејшн Лимитед“ 

 

 

И двете компании ги задоволуваат пропишаните безбедносни и технички критериуми од меѓународниот тендер, со што тие имаат рамноправни шанси за да бидат избрани за најповолен понудувач. Новите македонски возови се очекува да се вклучуваат постепено во сообраќај, почнувајќи од летото 2015 година.